MKinformer

your daily dose of news

Нов пожар изби над село Белица, гаснат ер-трактори

04/07/2026 18:26

Два нови пожари, кај Белица и кај Штип, ер-трактори подготвени

ДЗС известува за два нови огнени фронта: едниот на границата на Јасен, другиот кај Штип, во борова шума

Пожар над Белица, на границата на ловиштето Јасен

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) , Стојанче Ангелов , извести дека пред малку избил пожар над село Белица , општина Македонски Брод , на границата на ловиштето Јасен .

Кон пожарот се упатени:

  • екипа на ТППЕ Македонски Брод , и

  • ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен.

Пожарот се уште е релативно мал , но се одвива на исклучително тешко пристапно место до кое може да се стигне само пеш . Во секој момент ќе полетаат два ер-трактори на ДЗС за гаснење од воздух.

Нов тежок пожар кај Штип, борова шума во пламен

Скоро во исто време изби тежок пожар и на територијата на општина Штип , помеѓу населбите Баби и Дузлак , над филтер станицата.

Според информациите од ДЗС, со оган е зафатена борова шума . На терен е ТППЕ Штип која дејствува со полн капацитет, а помош ќе пристигне и од неколку Доброволни противпожарни друштва.

error: Содржината е заштитена од копирање !!