MKinformer

your daily dose of news

Маж и ја удирал колата на скопјанка, па физички ја нападнал

15/08/2025 14:33

Дваесет и петгодишна скопјанка била физички нападната од машко лице по недоразбирање во сообраќајот.

„Вчера во 20:30 часот во СВР Скопје, И.Ј.(25) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице најпрвин удрило со предмет во нејзиното патничко возило, а потоа физички ја нападнало“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!