МВР со општа информација за инцидентот во Штип: Приведен 43 годишен Маж од Скопје
24/08/2025 17:44
Министерството за внатрешни работи, информира дека е уапсен 43-годишен маж, по денешниот инцидент на детскиот фудбалскиот натпревар, меѓу екипите на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа повредени 2 двајца фудбалери на возраст од 15 години на ФК „Брегалница“.
– Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош, се вели во соопштението на МВР.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.




