MKinformer

your daily dose of news

Во повеќе српски градови, за вечерва се најавени нови протести

16/08/2025 18:07

За вечерва се најавени нови протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Книќ, Пожаревац, Чачак, Врање, Милановац и Лесковац. Блокадерите, кои се меѓу главните организатори, на социјалните мрежи објавија список со локации и порачаа: „Србија не може да се смири“.

Последните денови демонстрациите ескалираат, а синоќешните протести беа одржани под слоганот „Не сме вреќи за удирање“ – реакција на прекумерната сила што полицијата ја примени во претходната ноќ. Според официјалните податоци, приведени се 38 лица, повредени се шест полицајци и непознат број граѓани.

Во Белград, четвртата ноќ по ред дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите. На улиците беа распоредени најмалку десет оклопни возила, а полицијата употреби солзавец за да спречи обединување на неколку протестни колони. Дел од демонстрантите превртеа и запалија контејнери, а пред Министерството за одбрана беше запалено дрво. Брзата помош интервенираше повеќепати.

Студентските протести, кои почнаа како мирно изразување на незадоволство по несреќата во Нови Сад при која загинаа 16 лица, сега добиваат нова насока – барање за промена на власта.

Сепак, претседателот Александар Вучиќ во интервју за државната телевизија порача дека нема да има брзи избори. Тој изјави дека протестите се „управувани однадвор“, а демонстрантите ги нарече „бандити“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!