MKinformer

your daily dose of news

Масовна тепачка во Скопје – осум лица приведени, двајца завршиле со тешки повреди

17/08/2025 17:14

Осум лица од Скопје биле приведени во Полициската станица Бит Пазар, откако на 16 август околу 19 часот на улица „Славеј планина“ дошло до масовна тепачка.

Според информациите од МВР, учесниците меѓусебно се пресметувале користејќи тврди и остри предмети. Во инцидентот со тешки телесни повреди се здобиле двајца скопјани – С.Д. (33) и А.Д. (27), додека уште неколку други лица претрпеле полесни повреди.

Лицата, на возраст од 18 до 56 години, биле лишени од слобода и задржани во полициската станица. Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините што довеле до насилството.

error: Содржината е заштитена од копирање !!