MKinformer

your daily dose of news

И понатака се редат скандалите во М-НАВ со партиските вработувања

20/08/2025 10:06

По неодамнешното повторно поставување на Милан Кораќ за директор на воздухопловна техника, на местото на разрешениот директор Климент Чепуњоски, сега на место советник на Фатмир Зимбери, еден од тројцата директори на М-НАВ, е вработен синот на пратеничката на ВЛЕН  Мерита Колчи-Коџаџику, Премтим Коџаџику.

Пратеничката од Колчи-Коџаџику потврди дека нејзиниот син е примен на неодамнешниот оглас во Македонска навигација, оти тоа не е нешто за криење и дека тој подолго време бил невработен.

Коџаџику беше дел од ДУИ, пред да премине во ВЛЕН.

Синот на пратеничката бил интервјуиран лично Зимбери, но нема сведоци дека бил најдобриот од сите пријавени на огласот, бидејќи како и за сите примени и одбиени кандидати, контролорката на летање, претставничка на синдикатот, била оставена надвор пред врата и не ѝ било дозволено да го набљудува интервјуирањето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!