MKinformer

your daily dose of news

Давал налози за сечење шума како негова да е: Кривична пријава против вработен во „Национални шуми“

21/08/2025 10:18

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П. (58) од Охрид, со престој во Вевчани, поради сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

Осомничениот, вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ во Струга, во својство на референт за превоз издавал испратници спротивно на законските одредби и подзаконските акти. Тој подготвувал испратници без претходно одобрение за сеча и надвор од прописите на Правилникот за жигосување на дрвната маса, овозможувајќи на физички лица незаконска корист.

Со овие дејствија, на Јавното претпријатие „Национални шуми“ му е нанесена штета во износ од 506.850 денари, а дополнителна штета е направена и врз Буџетот на Република Северна Македонија во делот на данокот на додадена вредност и фондовите за проширена репродукција на шумите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!