Скоро 10 милиони евра народни пари за кампања за локалните избори, каде ќе се трошат?
25/08/2025 21:27
Од државниот буџет за финансирање на кампањата за претстојните локални избори ќе се издвојат 9,7 милиони евра, од кои најголемиот дел – околу две третини – ќе бидат насочени кон приватните медиуми и интернет порталите за платено политичко рекламирање. Јавниот сервис не е опфатен во овој пакет.
Правните експерти потсетуваат дека политичките партии се должни да водат посебни сметки за изборните кампањи, со цел институциите да можат да ги следат приливите и трошењето на средствата. Дополнително, строго е забрането партиите да примаат странски донации.
Покрај финансиската дисциплина, се апелира и на коректен вокабулар и аргументирани критики во јавните настапи, бидејќи токсичниот говор негативно влијае на јавната дебата, особено кај младите, кои сакаат активно да учествуваат во креирањето на политиките за подобра иднина во земјата.
Меѓународните набљудувачи, пак, препорачуваат обезбедување на еднаков пристап до медиумите за сите партии и кандидати, како и зголемување на транспарентноста и интегритетот при финансирањето на кампањите.
Иако ОБСЕ изработи препораки за унапредување на изборниот процес, тие сè уште не се доставени до Собранието.





