MKinformer

your daily dose of news

ЈСП Скопје со изменет возен ред за празникот Успение на Пресвета Богородица

27/08/2025 15:44

ЈСП Скопје ги информира своите патници дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на ден 28 август 2025 година (четврток), јавниот градски превоз ќе сообраќа по неденелен возен ред.

Исклучок ќе бидат следните линии: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.

На истиот ден, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:

  • Транспортен центар

  • Зелен пазар

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10:00 до 20:00 часот. Последното возење од подножјето кон врвот ќе биде во периодот 19:00–19:30, а последното возење од врвот надолу ќе се реализира во 19:45 часот.

Дополнително, ЈСП најавува дека од понеделник, 1 септември 2025 година, јавниот превоз во Скопје ќе премине на делничен зимски возен ред, согласно Одлуката за линиски превоз на патници во градот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!