MKinformer

your daily dose of news

ЈСП ги известува граѓаните за жичарата и велигденскиот возен ред

09/04/2026 19:43

ЈСП ги известува граѓаните за велигденскиот возен ред на автобусите, жичарата и билетарниците

Од јавното претпријатие соопштија дека за време на продолжениот викенд, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците ќе работат со изменето работно време. Жичницата ќе работи само од петок до недела.

Автобуси по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје (ЈСП) соопшти дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април 2026 година (од петок до понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Работно време на билетарниците

Од ЈСП информираат дека билетарниците и центрите за персонализација во сабота (11 април) ќе работат со редовно работно време, билетарите во една смена од 08:00 до 13:00 часот, а оние во две смени од 08:00 до 18:00 часот.

Во петок (10 април) и недела (12 април), дежурна ќе биде само билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.

Како што велат од претпријатието, понеделник (13 април) е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација.

Работно време на жичницата

Според соопштението, жичницата од петок до недела (10-12 април) ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, додека во понеделник (13 април) нема да работи, исто како и секој понеделник.

error: Содржината е заштитена од копирање !!