MKinformer

your daily dose of news

Стојаноски: Филипче наместо да глуми жртва за јахтата, нека ја каже вистината – СДС и ДУИ повторно се едно исто

27/08/2025 17:01

По денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од каде што тој повтори дека тврдењата за јахтата се лажни и дека станува збор за пропаганда, со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека наместо да глуми жртва на пропаганда, Филипче треба да ја каже вистината. Тој потсети дека токму СДСМ ја донела државата до највисока инфлација, најскапа струја и гориво, задолжување за генерации, а народот преживувал со рекордни поскапувања на лебот и основните продукти.

„Денес тој зборува за стандарди, а токму под негово учество во власта здравството беше претворено во пепел со тендери, аферата ‘Модуларна болница’, јахти, шеми и договори во четири очи,“ рече Стојаноски.

Тој презентираше и бројки, нагласувајќи дека во периодот од јули 2024 до јуни 2025, под ВМРО-ДПМНЕ, номиналниот раст на просечната нето-плата изнесува 10,1%, а реалниот раст 6,5%. Во времето на СДСМ, од 2017 до мај 2024, номиналниот раст бил 8,2%, а реалниот едвај 3,5%. Истовремено, просечната стапка на инфлација под СДСМ била 4,7%, а под ВМРО-ДПМНЕ е 3,6%.

„Само нека се погледнат податоците и ќе биде јасно кој ја лаже јавноста,“ додаде Стојаноски.

Стојаноски се осврна и на политичките коалиции, велејќи дека Филипче всушност ја најавил повторната соработка со ДУИ во вториот круг од локалните избори.

„Прашањето е едноставно – што толку има ДУИ за него и Заев, за да не можат да се одвојат од нивниот скут? Говорат за ‘ново раководство’ и ‘автентични одлуки’, а на крај пак се враќаат кај старите партнери во криминал и корупција. Филипче сам призна дека СДС и ДУИ се едно исто – партии без легитимитет, идеи и визија, кои знаат само да се кријат зад етнички поделби и лични интереси,“ порача Стојаноски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!