MKinformer

your daily dose of news

Скопје домаќин на голем ММА спектакл во „Јане Сандански“

28/08/2025 18:12

На 14 септември спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде центар на адреналинот и борбениот дух – Скопје ќе го пречека големиот спортски настан во мешани боречки вештини (ММА). Настанот се одржува под генерално покровителство на Министерството за спорт, а технички организатор е реномираната европска организација ARMMADA.

Македонската публика ќе има можност да ги поддржи своите претставници во професионални и семипрофесионални борби. Во рингот ќе настапат Андреј Стојановски (-61 кг.) против Василије Тичан од Молдавија, Коста Георгиевски (-93 кг.) во дебитантска борба со искусниот Србин Раде Новаковиќ и Никола Димоски (-73 кг.) против Лукиан Вилцу од Романија. Во женската конкуренција, Даниела Алексовска (-52 кг.) ќе ја одмери силата со Молдавката Флоцеа Лаида, а Марко Трајановски (-84 кг.) ќе се соочи со црногорскиот шампион Петар Кликовац.

На настанот ќе настапат и ѕвезди од Србија, меѓу кои Никола Градинаци и Огнен Мицивиќ, што ветува дополнителна динамика и атрактивност.

Билетите се достапни по симболични цени преку ticketx.com.mk, а сите љубители на боречките вештини ќе можат да го следат спектаклот и во живо на Arena Fight TV. Организаторите апелираат љубителите на спортот да ги поддржат македонските борци и да уживаат во незаборавна борбена вечер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!