MKinformer

your daily dose of news

По 25 години повторно ќе се отвора средно полициско училиште во Македонија

29/08/2025 9:17

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека од септември 2026 година повторно ќе се воспостави средното полициско училиште во Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање за функционирањето на училиштето, Тошковски нагласи дека за сите ученици кои успешно ќе го завршат школувањето ќе биде загарантирано вработување во МВР.

Секој кој ќе се запише и успешно ќе заврши средно полициско училиште ќе стане дел од структурите на Министерството за внатрешни работи. За почеток, ќе бидат интегрирани ученици кои по завршувањето на втора година во останатите средни училишта ќе продолжат со трета и четврта година во специјализираното полициско училиште,“ изјави министерот.

Оваа реформа има за цел да овозможи модерна и стручна едукација за идните полицајци, како и да обезбеди континуитет во кадровското зајакнување на МВР.

error: Содржината е заштитена од копирање !!