MKinformer

your daily dose of news

Средно полициско училиште прима 200 нови ученици

02/07/2026 15:01

МВР распиша оглас за 200 ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“

Пријавувањето трае 15 дена, селекцијата се одвива во три фази, а по завршувањето следи вработување без дополнителен оглас

Услови за пријавување

Министерството за внатрешни работи распиша јавен повик за прием на 200 редовни ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ , кое функционира во рамки на Полициската академија. Право на пријавување имаат ученици кои ја завршиле втората година од средното образование и ги исполнуваат законски утврдените услови.

Кандидатите треба да бидат:

  • државјани на Република Македонија;

  • да немаат наполнето 18 години на денот на објавувањето на јавниот повик;

  • активно да го користат македонскиот јазик;

  • здравствено и психофизички способни.

Покрај општите услови, потребно е кандидатите да имаат најмалку добар успех во прва и втора година средно образование, да немаат изречени педагошки мерки, да ги исполнат критериумите за моторички способности, успешно да положат општообразовен тест и да поминат интервју.

Пријавување и селекција

Пријавувањето ќе трае 15 дена, а документите се поднесуваат во секторите за внатрешни работи и полициските станици определени во јавниот повик, секој работен ден од 8 до 16 часот.

Селекцијата ќе се одвива во три фази:

  1. Проверка на физичката подготвеност, тестирање на моторичките способности на кандидатите;

  2. Писмен тест, 40 прашања од општообразовен карактер;

  3. Интервју, проценка на психофизичката подобност и комуникациските вештини.

Кандидатите ќе бидат рангирани според вкупниот број освоени бодови, по што Комисијата ќе ја објави конечната ранг-листа на примени ученици.

Услови за учениците и вработување по завршувањето

За учениците кои ќе бидат примени, Министерството за внатрешни работи обезбедува сместување во ученички дом во рамки на Полициската академија, исхрана и работна облека.

По успешно завршување на четиригодишното образование, учениците ќе полагаат завршен испит согласно Законот за средното образование, а МВР ќе им заснова работен однос без јавен оглас на работно место Полицаец, во согласност со законските прописи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!