Убиен Радован Кривокапиќ – „Месар“, член на шкаљарскиот клан, во Котор
30/08/2025 10:37
Во Котор, Црна Гора, синоќа беше убиен Радован Кривокапиќ (44), познат под прекарот „Месар“, член на шкаљарскиот клан.
Според информациите на полицијата, пукањето се случило околу 19:40 часот во селото Златне њиве, пред семејната куќа на Кривокапиќ. Тој бил тешко повреден и подоцна починал во Општата болница во Котор.
Мерки на полицијата:
-
По убиството, полицијата го блокирала патот од Котор до Св. Врача и Доброта, што предизвикало големи колони и застој.
-
Случајот го води Регионалниот безбедносен центар „Југ“ во соработка со Секторот за спречување на криминал, под координација на Вишото државно обвинителство во Подгорица.
-
Се преземаат итни мерки за утврдување на сите околности и расветлување на кривичното дело.
Ова е уште еден во низата крвави инциденти поврзани со црногорските мафијашки кланови, кои со години се во судир за превласт во регионот.






