MKinformer

your daily dose of news

Брза интервенција спречи поголема катастрофа: локализиран пожар во битолската населба Буковски ливади

31/08/2025 12:54

Силното невреме проследено со ветер и краткотраен дожд што денес го зафати Битола предизвика пожар во населбата Буковски ливади. Според информациите од Територијалната противпожарна единица Битола, дојавата за запалена трева и два објекти пристигнала во 15:55 часот, по што веднаш на терен биле испратени четири противпожарни возила со 14 пожарникари.

Поради силниот ветер огнот брзо се ширел и излегол од контрола, но со навремена и координирана интервенција пожарот бил локализиран и ставен под целосна контрола.

Од Противпожарната единица упатија голема благодарност до жителите на Буковски ливади и граѓаните кои активно помогнале при гаснењето на пожарот, со што било спречено негово ширење кон останатите објекти во населбата.

Иако пожарот предизвикал материјална штета, надлежните истакнуваат дека најважно е тоа што благодарение на брзата реакција не се дозволи да настане поголема катастрофа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!