Полицаецот кој ја нападна советничката Витина и инспекторите на Град Скопје, доби кривична пријава
02/09/2025 17:47
Против полицискиот службеник Б.М. од Одделението за криминалистички работи Чаир при СВР Скопје е поднесена кривична пријава поради сомнеж за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди го пријавил случајот до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за дела извршени од лица со полициски овластувања.
Настанот се случил на 5 јули 2025 година, кога инспектори на Град Скопје констатирале див приклучок на канализациска мрежа во општина Шуто Оризари, за кој одговорен бил токму пријавениот полициски службеник. Според информациите, Б.М. упатувал закани, употребил физичка сила кон советничка на Град Скопје И.В., како и кон инспекторите, спречувајќи ги да ја документираат состојбата со мобилни телефони.
Покрај кривичната пријава, од внатрешна контрола најавија и дисциплинска постапка. Полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место, ќе му биде одземено службеното оружје и муниција, а мерките ќе важат до завршување на постапката.






![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)