Скопјанец „летал“ накај Тетово: На место каде што е дозволено до 80, возел со 158 километри на час
02/09/2025 14:43
Вчера уапсен бил возач од Скопје кој управувал возило со скоро двојно поголема брзина од дозволеното.
Како што информираат од МВР, вчера (01.09.2025) во 08:30 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај клучка Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Ф.А.(52) од Скопје. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 158 километри на час надвор од населено место каде што максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе му биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.






