MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Што се случува кога посетителите на Зоолошка градина мислат дека имаат право да прават што сакаат

02/09/2025 20:18

Викендов во Скопската Зоолошка градина се случи инцидент кој повторно ја отвора темата за културата на посетителите и непочитувањето на правилата. Група деца се качија на оградата на живеалиште, иако на видно место стои забрана за такво однесување.

Настанот го забележа негувателот Војо Иванов, кој го документираше и сподели на социјалните мрежи. На видеото јасно се гледа како тој им приоѓа на децата и бара да се симнат, но наместо поддршка, наидува на негодување од дел од родителите.

Наместо да преземат одговорност и да го спречат ризикот, родителите возвраќаат со коментари како: „Полека бе, полека“, „Ако де, што има врска?“ и „Понашај се малце по културно“. Иванов реагира со забелешка: „Јас култура, а вие сте на ограда?“, на што еден од родителите дрско му одговара: „Ако, мое право, мој ризик“.

Овој случај предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што јавноста остро ги осуди посетителите кои не само што дозволуваат опасно однесување, туку и го оправдуваат. Ваквото однесување, според многумина, не е само прашање на непочитување на правилата, туку и невоспитаност, а и сериозен ризик по безбедноста на посетителите и животните.

error: Содржината е заштитена од копирање !!