MKinformer

your daily dose of news

Почина канадскиот актер Греам Грин, ѕвезда на „Танц со волци“

02/09/2025 13:07

Канадскиот актер Греам Грин, познат по улогата во филмот „Танц со волци“, почина на 73-годишна возраст. Веста ја потврди неговиот претставник Џери Џордан, кој го опиша како „легендарен и наградуван актер“.

Грин, кој беше член на нацијата Онеида, во 1990 година доби номинација за Оскар за најдобар спореден актер за улогата на ликот Кикинг Брд во филмот со Кевин Костнер.

Во текот на својата долга кариера, Грин се изгради како респектирана личност во светот на филмот и телевизијата. Настапи во бројни продукции, меѓу кои „Thunderheart“ (1992), „The Green Mile“ (1999) и „Wind River“ (2017).

Покрај актерството, тој беше одликуван со Орден на Канада во 2016 година. Пред да се посвети на филмската уметност, работел различни професии – како цртач, техничар и металец. Кариерата ја започна во театар во Велика Британија во 1970-тите години, за што подоцна ќе истакне дека му помогнало во градењето на неговите улоги.

error: Содржината е заштитена од копирање !!