MKinformer

your daily dose of news

(ФОТО) Сообраќајна несреќа во Топанско Поле

02/09/2025 12:06

Утринава на раскрсницата помеѓу улиците Втора Македонска Бригада и Македонско Косовска Бригада во населбата Топанско Поле, општина Чаир, околу 10:30 часот се случи сообраќајна несреќа.

Во судирот учествувале две патнички возила, „Рено Меган“ и „Сеат Ибица“, двата со скопски регистарски таблички.

Според првичните информации, во несреќата нема повредени лица, а причинета е само материјална штета. Полицијата изврши увид на местото на настанот, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!