MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Кина ја одбележа 80-годишнината од победата во Втората светска војна со најголема воена парада

03/09/2025 9:23

На плоштадот Тјенанмен во Пекинг денеска се одржа голема воена парада по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, на која беа прикажани најсовремени видови оружје – од дронови и хиперсонични ракети до нови подводни дронови и противбродски системи.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, во својот говор пред светските лидери и десетици илјади присутни, порача дека „Кина е непобедлива и никогаш нема да биде заплашена од насилници“, нагласувајќи ја посветеноста на земјата на мирот и изградбата на армија од „светска класа“.

Си, облечен во костум во стилот на Мао, во лимузина изврши смотра на војниците и даде команда за почеток на парадата. Под гласна воена музика, војниците маршираа со слогани како: „Пратете ја Партијата“, „Борете се за победа“, „Правдата победува“, „Мирот победува“.

Дефилето ги вклучи авиони, хеликоптери, носачи на авиони, тенкови и бродови, при што формациите создаваа огромни бројки „8“ и „0“, симболизирајќи ја јубилејната годишнина. Првпат беа прикажани и два големи подводни дрона со должина од 18 до 20 метри, како и новата интерконтинентална нуклеарна ракета ДФ-5Ц со домет над 20.000 километри. Претставени беа и „YJ-17“ противбродски ракети со хиперсонични способности.

На крајот на парадата, небото над Пекинг беше обоено со балони во сина, жолта, зелена и црвена боја.

Меѓу 26 светски лидери што присуствуваа, беше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на свечената трибина седеше во првиот ред заедно со сопругата Тамара, премиерот на Слвачка, Роберт Фицо. Почесни гости беа и рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

error: Содржината е заштитена од копирање !!