MKinformer

your daily dose of news

ВМРО-ДПМНЕ соопшти нови кандидати за градоначалници, поддршка за ЗНАМ во Куманово и Центар

03/09/2025 22:16

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска донесе одлука да ги поддржи кандидатите за градоначалници што ќе ги предложи коалицискиот партнер ЗНАМ во општините Куманово и Центар.

На седницата беа утврдени и 16 нови кандидати за локалните избори закажани за 19 октомври:

  • Сопиште – Јане Мицевски

  • Кичево – Александар Јовановски

  • Крива Паланка – Оливер Алексовски

  • Маврово-Ростуше – Онер Јакуповски

  • Кривогаштани – Сашо Граорковски

  • Шуто Оризари – Ерџан Демир

  • Крушево – Нико Чонески

  • Валандово – Ѓоко Камчев

  • Виница – Митко Костадиновски

  • Демир Хисар – Никола Најдовски

  • Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов

  • Радовиш – Љупчо Почивалец

  • Чашка – Дејан Андоновски

  • Прилеп – Дејан Проданоски

  • Струмица – Петар Јанков

  • Неготино – Марија Нацева

Со оваа одлука, ВМРО-ДПМНЕ ја потврдува соработката со ЗНАМ во дел од општините, во рамки на подготовките за претстојните избори.

error: Содржината е заштитена од копирање !!