MKinformer

your daily dose of news

Opце Kaмчев откpивa чиј потпиc cтoeл нa договорите за стapaчки дoмoви: Тoj дeн зaпочнa peкетот и тopтурата вpз мeнe

18/03/2021 15:20

Бизнисменот Орце Камчев попладнево во судницата на Кривичниот суд сведочеше за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој обвинети се Бојан Јовановски татко му Миле Јовановски, Фросина Ременски и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ.

На денешното сведочење за случајот ,,Меѓународен сојуз’’ Камчев бараше да биде изземен како сведок бидејќи надвор од сите законски одредби, со грубо кршење на законот и вршење директна тортура врз него му е изречен притвор со што се создадени вештачки притисоци и со тоа тој не може да биде кредибилен како сведок пред Обвинителството.

Откако Обвинителството и судот не го прифатија истото, во сведочењето тој и на одговорите на Обвинителството и на одбраната јасно им посочи дека ,,Меѓународен сојуз’’ и ,,Рекет’’ се едно исто, односно се работи за ист случај кој започнал пред предметот ,, Империја’’ и чија жртва директно и сè уште е тој.

На Камчев му биле понудени два проекта од страна на Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, а на едниот од проектите стоел потписот на синот на Катица Јанева, Лазар Јанев.

Eден од проектите се однесувал на Фешн мол во Карпош, а другиот се однесувал на изградба на дом за стари лица.

Камчев веднаш одбил бидејќи ниту еден од проектите немал економска логика.

Бизнисменот уште еднаш потенцираше дека проектот кој го добил бил потпишан од Лазар Јанев, син на Катица Јанева, а не од Бојан Јовановски.

-Беше потпишан синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, со потпис на документ, не беше потпишан Бојан туку Лазар.

Камчев открива дека сите проблеми за него започнале од моментот кога тој го одбил проектот од Бојан Јовановски во кој тој требал да инвестира четири милиони евра.

Од страна на Јовановски на бизнисменот му било кажано дека интерес од изведбата на проектот ќе има директно Катица Јанева, а ако не се направи проектот ќе му се случи тоа што му се случува денес, притвори, кривични и најава за затворска казна. Со еден збор Камчев вели, тортура врз мене, ова беше појдовната основа на рекетот врз мене, овие два проекти.

-Јас со Меѓународен сојуз сум немал врска, ми беа побарани пари за да можат да се задоволат потребите на Катица Јанева. Ми беа побарани 4 милиони евра за франшизата за старачки домови, вели Камчев.

Камчев денес се наоѓа во притвор поради предмет на некогашното СЈО кое на суд се докажа дека го рекетирало бизнисменот.

Извор: Инфомакс.мк

error: Содржината е заштитена од копирање !!