16 години од најтешката бродска несреќа во Македонија – 15 загинати во Охридското Езеро
05/09/2025 10:20
На 5 септември 2009 година, туристичкиот брод „Илинден“ со 57 бугарски туристи потона во Охридското Езеро, при што животите ги загубија 15 лица. Трагедијата се смета за најголемата бродска несреќа во историјата на Македонија.
Несреќата се случила околу 11 часот наутро, на стотина метри од брегот кај кампот Елешец. Бродот, изграден во 1924 година со дозволен капацитет од 45 патници, потонал за само неколку минути. Повеќето од патниците биле постари лица, кои тешко можеле да се снајдат во водата. Жртвите потекнувале од градовите Пирдоп, Златица, Челопеч и Антон.





