MKinformer

your daily dose of news

Фатени разбојници во кражба на маркет, испукан и предупредувачки истрел во Чаир

06/09/2025 13:43

Денеска (06.09.2025) полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. „Џон Кенеди“ на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво.

Во 04:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот. Веднаш реагирале полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар, по што осомничените се дале во бегство.

За време на акцијата, еден полициски службеник испукал предупредувачки истрел во воздух. По преземените мерки, А.Х. и Е.А. се приведени, додека за третото лице се преземаат мерки за пронаоѓање.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!