Почесна артилериска стрелба за Денот на независноста
07/09/2025 8:47
Армијата на Република Северна Македонија ќе изврши почесна артилериска стрелба во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста. Настанот е дел од протоколарните обврски за одбележување на најзначајните државни празници.
Пробната артилериска стрелба ќе се одржи во касарната „Илинден“ во 18:00 часот, со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија.
Во 19:00 часот ќе следи свечената почесна стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.
Од Генералштабот на Армијата информираат дека оваа традиционална активност е составен дел од чествувањето на Денот на независноста – 8 Септември, со кој државата ја потврдува својата самостојност и независност.






