MKinformer

your daily dose of news

Хорор во Скопје: Малолетник му нанел 10 убодни рани на својот татко

07/09/2025 11:04

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против 17-годишен малолетник, осомничен за кривично дело Убиство во обид (член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик).

Според обвинителството, тинејџерот извршил семејно насилство во својот дом на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, при што со умисла се обидел да го лиши од живот својот татко.

Во моментот кога таткото бил во спалната соба, синот му пришол од зад грб и со остар предмет му нанел 10 убодни рани. Благодарение на интервенцијата на мајката, која успеала да го оттурне малолетникот и веднаш повикала медицинска помош, спречена е трагедија.

Повредениот татко бил итно пренесен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му бил извршен оперативен зафат. Неговата состојба и натаму е оценета како животно-загрозувачка.

Обвинителството побара на осомничениот да му биде определена мерка притвор, во согласност со Законот за правда за децата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!