MKinformer

your daily dose of news

Бети Стаменковска-Трајковска е кандидатка на ВМРО ДПМНЕ за градоначалничка на Кисела Вода

11/09/2025 9:12

ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги објави кандидатите за градоначалници за уште шест општини. За Кисела Вода, кандидат за градоначалник е Бети Стаменковска-Трајковска, а за Кочани, како што беше соопштено ВМРО-ДПМНЕ ќе се обедини околу натпартискиот кандидат доктор Влатко Грозданов.

За Старо Нагоричане, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Мирослав Славковски, за Дојран – Илија Пендов, за Долнени – Сашко Велјановски и за Ранковце – Даниел Павловски.

Марија Митева, член на Извршниот Комитет на партија изјави дека сите кандидати за градоначалници се избрани на транспарентен начин и дека убедливо воделе на сите внатрепартиски анализи.

– Оваа одлука за мене значи доверба, обврска и шанса – да продолжам да работам, но овојпат уште поблиску до вас и до секојдневните предизвици што ги делиме. Исто така, упатувам искрена благодарност до мојот колега и досегашен градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, кој постави високи стандарди и докажа дека Кисела Вода може да биде пример за сите. Верувам дека добрите приказни треба да продолжат – со нова енергија, но со истите вредности: работа, чесност, тимска соработка и посветеност. Подготвена сум да го вложам целото мое знаење, искуство и енергија за Кисела Вода да расте, да се развива и да остане општина во која сите гордо живееме, порача во видео-обраќање Стаменковска-Трајковска.

error: Содржината е заштитена од копирање !!