MKinformer

your daily dose of news

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на општинските комитети, кадровски промени во повеќе градови

19/05/2026 8:28

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа седница на Извршниот комитет, на која беа донесени повеќе кадровски решенија за нови претседатели на општинските комитети на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека дел од избраните се нови лица, од кои очекуваат да внесат свежина во средините од кои доаѓаат. Друг дел, велат од партијата, се веќе докажани претседатели кои оствариле добри резултати во претходните изборни циклуси и придонеле за позитивни промени во локалните самоуправи.

Според партијата, со овие кадровски решенија се поставува основа за натамошно зајакнување на организациската структура, како на локално, така и на централно ниво.

Нови претседатели во ИЕ 1

Во Изборната единица 1, за претседатели на општинските комитети се избрани:

ОК Карпош – Тони Јаревски
ОК Кисела Вода – Иван Живковски
ОК Македонски Брод – Бисера Златеска
ОК Аеродром – Дејан Митески
ОК Центар – Сергеј Попов
ОК Сопиште – Јане Мицевски
ОК Студеничани – Кенан Абди
ОК Сарај – Мартин Стојановски

Кадровски решенија и во ИЕ 2

Во Изборната единица 2 се избрани:

ОК Чаир – Ѓоко Велковски
ОК Бутел – Дарко Костовски
ОК Чучер Сандево – Зоран Бајовски
ОК Гази Баба – Зоран Коцевски
ОК Куманово – Филип Филиповски
ОК Старо Нагоричане – Ивица Димковски
ОК Ѓорче Петров – Бојан Стојаноски
ОК Шуто Оризари – Ерџан Демир

Најмногу промени во ИЕ 3

Во ИЕ 3 беа избрани претседатели за повеќе општински комитети:

ОК Зелениково – Дејан Димишковски
ОК Зрновци – Виктор Анакиев
ОК Чешиново Облешево – Славе Донев
ОК Илинден – Александар Ѓорѓиевски
ОК Петровец – Драгана Узелац
ОК Велес – Игор Здравковски
ОК Чашка – Трајче Мишкоски
ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски
ОК Лозово – Стојан Пешевки
ОК Свети Николе – Бојан Митев
ОК Штип – Душко Иванов
ОК Карбинци – Гордана Барбашка
ОК Кочани – Александар Андов
ОК Виница – Александар Јованов
ОК Македонска Каменица – Љупчо Марков
ОК Делчево – Иван Гоцевски
ОК Пехчево – Миле Гошевски
ОК Берово – Столе Каракутовски
ОК Крива Паланка – Емил Спасовски
ОК Ранковце – Даниел Павловски
ОК Кратово – Љупчо Спиров
ОК Пробиштип – Тони Тоневски

Нови претседатели и во ИЕ 6

Во Изборната единица 6, нови претседатели се:

ОК Тетово – Александар Велјановски
ОК Гостивар – Мартин Андоновски
ОК Теарце – Радица Ѓорѓевска
ОК Брвеница – Јовица Илиевски
ОК Јегуновце – Димитар Костадиновски

Од партијата порачуваат дека со новите именувања продолжуваат со внатрешно екипирање и организациско зацврстување во пресрет на следните политички предизвици.

error: Содржината е заштитена од копирање !!