Утринската блокада на „Стоп за Вардариште“, е товар за граѓаните, а не за институциите
14/09/2025 11:11
Движењето „Стоп за Вардариште“ најави два протеста за понеделник, 15 септември – утрински во 07:30 часот со блокада на мостот „Близнаци“ и попладневен во 18:00 часот. Иако организаторите тврдат дека со овој чекор реагираат на „глувоста“ на институциите и на загадувањето од депонијата, останува клучното прашање: Дали со вакви потези навистина им се врши притисок на властите, или пак се малтретираат обичните граѓани кои секојдневно гравитираат кон тој дел од градот?
Најзасегнатите од проблемот – жителите на општините Аеродром и Гази Баба, над 100.000 луѓе кои го дишат загадениот воздух, очигледно не ја даваат очекуваната поддршка. На протестите редовно излегуваат едвај 500–600 лица. Дали мала група граѓани, кои немаат масовна поддршка од сопствената заедница, сакаат да го девалвираат протестот и да ја изгубат довербата на јавноста?
Наместо да се насочат кон институциите кои се одговорни за проблемот, организаторите со утрински блокади создаваат дополнителни проблеми за илјадници семејства, работници и ученици. Со тоа, протестот ризикува да биде сфатен како самопромоција на мала група, а не како автентична борба на граѓаните.






