Јакимовски горд на кејот на Вардар: Труд со љубов кој трае повеќе од 20 години
17/09/2025 20:04
Градоначалникот на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, потсети на еден од најзначајните проекти во својата долгогодишна работа и уредувањето на кејот на Вардар.
„Секогаш кога ќе поминам покрај Вардар, се присетувам дека овој кеј е резултат на нашата заедничка визија и труд. Тоа е проект на кој сум особено горд“, истакна Јакимовски.
Големата реконструкција започната во 2001 година, а завршена веќе во 2002 година, целосно го промени изгледот на просторот. Со поплочување, поставување канделабри и клупи, некогаш запоставеното место со неколку рибари и сопственици на кучиња, денес е едно од најпосакуваните локации за спорт, рекреација и прошетки.
Јакимовски изрази жалење што во меѓувреме Град Скопје ги презеде ингеренциите и дозволи кејот да остане без дел од содржините и осветлувањето. Но, тој најави борба за враќање на ингеренциите кај Општина Карпош, со цел кејот повторно да биде целосно уреден и безбеден.
„Нашите граѓани заслужуваат нови канделабри, нови клупи и современи содржини. Карпош и Вардар се симбол на една љубов и историја која трае повеќе од 20 години“, порача Јакимовски.






