MKinformer

your daily dose of news

Времето денес: Сончево со посвежо утро и слаб северен ветер

19/09/2025 9:01

Времето утрово е ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје денеска ќе биде сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени. Според прогнозата на УХМР, во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.

error: Содржината е заштитена од копирање !!