MKinformer

your daily dose of news

„Не купувајте евтини дрва од дрвокрадци“: Национални шуми открива и вработени поврзани со криминални структури

05/10/2026 9:15

Не купувајте дрва од дрвокрадци, апелира заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.

Тој предупредува дека купувањето по пониска цена директно го поддржува нелегалното уништување на шумите.

Според Михаилов, зад дел од нелегалната сеча стојат организирани групи.

Напади и врз службени лица

Михаилов вели дека во одредени случаи се напаѓаат и вработени во „Национални шуми“.

Напади има и врз припадници на шумската полиција.

Тој предупреди дека напад врз овластено службено лице носи сериозни последици.

И вработени поврзани со криминални структури

Михаилов признава дека проблемот не доаѓа само однадвор.

Според него, откриени се и вработени во претпријатието со врски кон криминални структури.

„Сè уште има наши вработени за кои, за жал, утврдивме одредени конекции со криминалните структури“, рече Михаилов.

Тој додава дека во таквите случаи нема да има толеранција.

Суспензии и кривични пријави

Според Михаилов, веднаш се поведува постапка кога ќе се обезбедат докази.

Во дел од случаите веќе имало суспензии.

Поднесувани биле и кривични пријави и дисциплински постапки.

„Онаму каде што тоа ќе го детектираме, нема пардон“, порача Михаилов.

Проблем и намерно предизвиканите пожари

Покрај дрвокрадството, шумите секоја година се соочуваат и со пожари.

Дел од нив, според Михаилов, се намерно предизвикани.

Од „Национални шуми“ затоа апелираат граѓаните да не купуваат нелегално исечени дрва.

Не купувајте дрва од дрвокрадци, порачува Михаилов, бидејќи така директно се финансира нелегалната сеча.

error: Содржината е заштитена од копирање !!