Пожар во Козле на ул. Јури Гагарин, изгоре куќа и помошна просторија
23/09/2025 11:31
Ноќеска околу 01:50 часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле избувна пожар во кој целосно беа зафатени една куќа и помошна просторија.
Очевидци кои се затекнале на местото изјавиле дека огнените пламенови прво се појавиле зад помошната просторија, а потоа се прошириле и кон куќата.
Надлежните екипи веднаш интервенирале, а во моментов на терен се врши увид за да се утврдат причините за настанот и висината на материјалната штета.






