MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Нови детали за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: семејството спиело, штетата огромна

03/02/2026 16:22

Силна детонација доцна синоќа ги вознемирила жителите на улицата во белградската населба Дедиње, каде што е фрлена експлозивна направа врз куќата на познатиот пејач Здравко Чолиќ.

Според сведочења на соседи, експлозијата одекнала силно и предизвикала паника во околината. Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале Чолиќ, неговата сопруга Сандра и ќерката Лара. Семејството спиело, а ги разбудил силниот удар и звукот од детонацијата, наведува извор близок до истрагата.

Веднаш по пријавата, полициските сили ги блокирале пристапите до објектот. Увид на лице место вршат припадници на Министерство за внатрешни работи на Србија, заедно со дежурен обвинител од Вишо јавно обвинителство во Белград. Форензичките екипи собираат материјални докази, а се проверуваат и снимките од надзорните камери во околината, со цел идентификација на сторителот.

Екслузивно: Фрлена бомба во домот на Здравко Чолиќ на Дедиње, пејачот бил дома

Првичниот увид покажал дека е причинета значителна материјална штета. Оштетена е фасадата на куќата, а делови од експлозивната направа се расфрлани и во просторот каде што биле паркирани возила. Според неофицијални информации, оштетени се и неколку луксузни автомобили долж улицата.

„Станува збор за директен напад врз имот. Со оглед на тоа што целото семејство било во куќата, вистинска среќа е што нема повредени. Материјалната штета е голема, но најважно е што не се загрозени човечки животи“, изјавил извор за медиумите.

Инаку, Чолиќ и неговото семејство се вселиле во оваа вила пред околу година и пол, откако ја продале претходната недвижност во белградската населба Кошутњак. Истрагата продолжува, а мотивите за нападот засега не се познати.

One thought on “(Видео)Нови детали за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: семејството спиело, штетата огромна

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!