MKinformer

your daily dose of news

МОН ја стопира работата на приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје

24/09/2025 9:21

Министерството за образование и наука (МОН) донесе одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје, поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување за нивно отстранување.

Надзорот бил спроведен од страна на посебна комисија во рамки на МОН, а одлуката е донесена и врз основа на мислење од Одборот за акредитација на високото образование.

Според официјалното соопштение, факултетот нема запишани нови студенти во академската 2025/2026 година. За веќе запишаните студенти, високообразовната установа е обврзана да обезбеди непречена понатамошна едукација, преку префрлање на други акредитирани факултети, во согласност со Законот за високо образование.

Со оваа мерка, МОН испраќа порака дека ќе продолжи внимателно да ја следи законитоста и квалитетот во високото образование во државата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!