Бегалец од затвор во Струмица уапсен во Кривогаштани
30/09/2025 12:40
Полицијата уапсила бегалец од затворот во Струмица, кој бил баран со потерница. С.М. (31) од Штип, осуден на пет години затвор, бил лишен од слобода во село Бела Црква, општина Кривогаштани, вчера во 20:55 часот. По приведувањето, тој бил вратен во затворот во Струмица.






