ВИДЕО) Голем дел од Скопје без вода поради сериозен дефект на главна водоводна цевка!
05/10/2025 22:22
Почитувани граѓани,
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денес, 05.10.2025 година, поради сериозен дефект на водоводна цевка со дијаметар од 600 мм на улицата „Франце Прешерн“ бр. 100Д во населбата Влае, голем дел од градот Скопје ќе остане без вода, а останатиот дел ќе биде со намален притисок.
Екипите на јавното претпријатие се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот, а водоснабдувањето ќе биде воспоставено веднаш по завршување на интервенцијата.
Граѓаните се замолуваат за разбирање и трпение додека траат работните активности.
Прикажи ову објаву у апликацији Instagram




