Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство
13/10/2025 18:14
Градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за нов мандат, Стевчо Јакимовски, преку своја објава упати силна порака до граѓаните, нагласувајќи дека Карпош не треба да биде заложник на празни ветувања и политичко лицемерие.
– Во последните денови гледаме веќе видено сценарио. Истите луѓе кои четири години гласаа против изградба на катни гаражи, денес држат прес-конференции и обвинуваат дека ги нема, а утре, без трошка срам, ќе ги ветуваат како свои – истакна Јакимовски.
Тој порача дека вистинската визија не се мери со празни зборови, туку со конкретни дела и резултати.
– Додека тие ја менуваа приказната, ние ја менувавме реалноста. Го обновивме образованието со реновирани училишта и градинки, поставивме фотоволтаици, изградивме нова општинска зграда, како и нови улици, паркови и јавни површини – нагласи Јакимовски.
На крај, тој повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат и да го поддржат континуитетот на трудот и резултатите:
– Карпош не се продава на муабет. Карпош се брани со работа, со резултати и со достоинство – порача Јакимовски.






