MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

13/10/2025 18:14

Градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за нов мандат, Стевчо Јакимовски, преку своја објава упати силна порака до граѓаните, нагласувајќи дека Карпош не треба да биде заложник на празни ветувања и политичко лицемерие.

Во последните денови гледаме веќе видено сценарио. Истите луѓе кои четири години гласаа против изградба на катни гаражи, денес држат прес-конференции и обвинуваат дека ги нема, а утре, без трошка срам, ќе ги ветуваат како свои – истакна Јакимовски.

Тој порача дека вистинската визија не се мери со празни зборови, туку со конкретни дела и резултати.
Додека тие ја менуваа приказната, ние ја менувавме реалноста. Го обновивме образованието со реновирани училишта и градинки, поставивме фотоволтаици, изградивме нова општинска зграда, како и нови улици, паркови и јавни површини – нагласи Јакимовски.

На крај, тој повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат и да го поддржат континуитетот на трудот и резултатите:
Карпош не се продава на муабет. Карпош се брани со работа, со резултати и со достоинство – порача Јакимовски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!