MKinformer

your daily dose of news

Променливо и свежо време денес, температури до 20 степени

14/10/2025 9:29

Утринава, до 8:30 часот, најниска температура е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарите се спуштила до -1 степен Целзиусов. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, најтопло во истиот термин било во Гевгелија – со пријатни 11 степени.

Во останатите места, утринските температури биле различни: во Берово 0, во Лазарополе 3, во Демир Капија, Маврови Анови и Крушево 4, во Струмица 5, во Скопје-Петровец, Претор и Штип 6, во Крива Паланка, Битола, Охрид и Велес 7, во Виница и Кавадарци 8, додека во Тетово и Куманово 9 степени.

Метеоролозите за денес најавуваат променливо време со сончеви периоди и благ до умерен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 13 и 20 степени.

Во Скопје, утрото започна со претежно облачно време, но до крајот на денот се очекува постепено разведрување. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а највисоката температура ќе достигне до 19 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!