(Видео) Драматична спасувачка акција во Бутел, маж падна во коритото на Серава
14/10/2025 9:19
Како што пренесува 24инфо.мк, вознемирувачка сцена се одиграла вчера попладне во општина Бутел, кога по течението на реката Серава, спроти градските гробишта, повозрасен маж паднал во коритото на реката.
Несреќата веднаш била пријавена до надлежните служби, по што во акција се вклучиле екипи на Противпожарната бригада на Скопје, полицијата и Итната медицинска помош. Благодарение на нивната брза и координирана интервенција, човекот бил успешно извлечен и веднаш пренесен во здравствена установа.
Очевидци за 24инфо.мк сведочат дека коритото на Серава е во лоша состојба, обраснато со густа вегетација и запуштено со години. Тие предупредуваат дека ваквите несреќи не се изолиран случај. Само пред еден месец, на истото место, паднала и постара жена, која за среќа поминала со полесни повреди благодарение на брзата реакција на случајни минувачи.
Граѓаните бараат итна интервенција од надлежните институции и расчистување на коритото, со цел да се спречат идни трагедии во овој дел од Скопје.





