MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски: „Додека Сотир ветува од минатото – Карпош одамна живее во иднината“

15/10/2025 22:02

Градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за нов мандат, Стевчо Јакимовски, преку објава на својата официјална страница на Фејсбук испрати порака дека општината веќе реализирала многу од проектите што неговиот противкандидат сè уште ги ветува.

„Сотир очигледно заглавил некаде меѓу лагите и 2021 година. Ветува фасади што одамна се направени, фотоволтаици што веќе произведуваат струја и градинки полни со деца. Додека тој рецитира ветувања од минатото, Карпош одамна живее во иднината“, напиша Јакимовски.

Со ова, Јакимовски испрати јасна порака дека неговиот тим во изминатиот период активно работел на подобрување на инфраструктурата, образовните и еколошките капацитети во општината, а граѓаните, како што нагласува, секојдневно ги гледаат резултатите од тие политики.

error: Содржината е заштитена од копирање !!