Конечно Орце Ѓорѓиевски прифати покана за телевизиска дебата со Амар Мециновиќ
21/10/2025 17:47
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека ја прифатил поканата за дебата со неговиот противкандидат Амар Мециновиќ, која ќе се одржи во организација на телевизија Канал 5.
„Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата“, напиша Ѓорѓиевски на својата официјална страница на Фејсбук, иако во првиот круг, имаше најмалку уште 3 покани за ТВ дебати, на различни Национални телевизии
Тој истакна дека граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана расправа во која секој кандидат ќе може да ги презентира своите визии, програми и решенија за иднината на главниот град.
„Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат“, додаде Ѓорѓиевски.





