(ВИДЕО) Ѓорѓиевски до Мециновиќ: Загреј го столчето и заврши факултет!
03/11/2025 10:39
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, му упати порака на својот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ, по завршувањето на вториот круг од локалните избори.
Одговарајќи на новинарско прашање за наводните „ниски удари“ за време на нивниот телевизиски дуел, Ѓорѓиевски изјави:
„Само соодветно му одговорив на човекот кој ја лажеше целата македонска јавност дека е дете на стечајци и дека има завршено факултет. Можете да замислите што би направил ако му се дадеше поголема власт“, рече Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека му препорачува на Мециновиќ да се посвети на образованието:
„Нека го загрее столчето и нека го заврши факултетот за да не мора да лаже“, изјави Ѓорѓиевски.
Во вториот круг од изборите, Орце Ѓорѓиевски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја доби довербата на мнозинството скопјани, победувајќи го кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ.






