MKinformer

your daily dose of news

Лишен од слобода скопјанец кој синоќа пукаше со пиштол во Чаир

27/10/2025 10:17

Околу 19:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територијата на Чаир се слуша пукање. Полицијата веднаш излегла на терен и презела соодветни мерки и активности.

При интервенцијата, Р.Т. бил затекнат со пиштол во рака, по што веднаш бил апсен и приведен во полициска станица за понатамошна постапка.


Кривична постапка

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик, кој се однесува на недозволено изработување, држење или посредување со оружје и распрскувачки материи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!