MKinformer

your daily dose of news

Алкалоид добил речиси 6 милиони евра тендери од клиники кои го промовираа Лукровски

31/10/2025 22:41

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД Скопје, каде што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, работи како раководител на оддел за продажба и маркетинг, добила речиси шест милиони евра од тендери доделени од неколку државни клиники.

Како што објави Инфомакс, вкупната вредност на договорите изнесува околу 360 милиони денари, а дел од институциите што ги склучиле договорите се управувани од директори кои јавно го поддржаа Лукровски во неговата изборна кампања.

Според објавените податоци, „Алкалоид“ добил тендери од:

  • Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – 1.503.650 денари;

  • ГОБ „8 Септември“ – 65.476.082 денари;

  • Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – 36.058.332 денари;

  • Универзитетската клиника за психијатрија – 785.545 денари;

  • Универзитетската клиника за очни болести – 66.668.983 денари;

  • Клиниката за хематологија – 190.994.976 денари;

  • Клиниката за дерматологија – 4.949.315 денари;

  • Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – 3.041.898 денари.

Овие клиники, како што наведува Инфомакс, биле меѓу оние чии директори се појавија во промотивни видеа со поддршка за Лукровски.

Објавените бројки и поврзаноста меѓу тендерите и политичката кампања отвораат прашања за транспарентноста и евентуалните судири на интереси во јавните набавки во здравството.

Извор: Инфомакс.мк

error: Содржината е заштитена од копирање !!