🗳️ Во четири општини ќе се повторуваат изборите: Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше без гласање денес
02/11/2025 10:24
Денеска нема да има гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволен одзив на гласачи во првиот круг од локалните избори 2025 година.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33%) од запишаните гласачи, што е предуслов изборите да се сметаат за успешни.
📊 Излезноста по општини:
-
Гостивар: 33,31%
-
Врапчиште: 25,18%
-
Маврово и Ростуше: 30,31%
-
Центар Жупа: 21,49%
🔁 Повторени избори во рок од 60 дена
Согласно член 132 став (2) од Изборниот законик, во вакви случаи се повторува целата изборна постапка. Новите избори ќе се одржат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати, и овојпат нема да важи цензусот од една третина, како што е предвидено со член 132-а.
🗳️ Денес гласање во 32 општини и Град Скопје
Додека во овие четири општини изборниот процес е одложен, денеска се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, каде што се одржува вториот круг за избор на градоначалници.
Во првиот круг, кој се одржа на 26 октомври, избор беше извршен во 44 општини, додека во преостанатите продолжува изборната трка меѓу двајца кандидати со најголем број гласови.




