MKinformer

your daily dose of news

Четири општини останаа без градоначалник, Владата ќе именува повереници

07/11/2025 18:04

Владата ќе именува повереници во општините каде што не беа избрани градоначалници на локалните избори, но тоа ќе се случи дури откако Државната изборна комисија (ДИК) официјално ќе ги заврши изборите и достави соодветна информација до Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сè уште не се водени разговори со коалициските партнери за имињата на потенцијалните повереници.

„Прво треба ДИК официјално да ги заврши изборите, па да ја информира Владата. Тоа очекувам дека ќе се случи следната недела. И потоа, Владата има рок од 15 дена да постапува по тоа“, изјави Мицкоски при увидот на градежните работи на проектот градски воз.

Премиерот го појасни и понатамошниот тек на изборниот процес:
„Потоа ДИК треба да го информира Собранието, за тоа во рок од 60 дена да распише повторени избори во општините каде што изборите беа неуспешни. Тогаш веќе нема услов за цензус, односно излезеност.“


🗳️ Повторени избори во четири општини

Според законската процедура, повторени избори за градоначалници ќе се одржат во следните општини:

  • Гостивар

  • Маврово и Ростуша

  • Центар Жупа

  • Врапчиште

Причината за повторувањето е неисполнување на условот за излезност од најмалку една третина од гласачите запишани во Избирачкиот список.

Мицкоски најави дека во текот на следната недела, по добивањето на известувањето од ДИК, Владата ќе разговара со коалициските партнери и ќе ги предложи имињата на поверениците кои привремено ќе ги раководат овие општини.

error: Содржината е заштитена од копирање !!